Menu
Your Cart

Начин на плаќање

Runners.mk (МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ) ви овозможува да плаќате безбедно и сигурно на следниве начини:

  • Со картички на Visa, MasterCard и Maestro издадена од било која од банките во Република Северна Македонија. При процесирање на трансакцијата се користи CaSys International картичниот систем за безготовинско плаќање кој е апсолутно безбеден и сигурен.
  • Во готово при достава на нарачката преку доставната служба
  • Плаќање преку општа уплатница во банка или преку е-банкарски налог.

 

ПЛАЌАЊЕ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА (ДЕБИТНА ИЛИ КРЕДИТНА)

При плаќањето за вашата нарачка со платежна картичка, одкако ќе ја потврдите нарачката системот ќе ве префрли преку безбеден протокол на страницата на CaSys International (cpay.com.mk)  каде безбедно ги внесувате податоците од платежната картичка, односно Име и презиме , бројот на платежната картичка, датумот до кога важи платежната картичка и CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката.

Одкако ќе ги пополните податоците, потврдете ја нарачката и почекајте 10-15 секунди за трансакцијата да биде потврдена.


Системот по процесирањето на трансакцијата автоматски ќе ве врати назад на Runners.mk со потврда дали е успешно или неуспешно процесирано плаќањето.


При процесот на внесување на податоците од платежната картичка и плаќање вие сте цело време на терминалот на Casys (cpay.com.mk и вашите податоци не се видливи за нашите вработени и истите не се зачувуваат на Runners.mk се со цел да ја задржиме вашата доверливост и приватност, и да ве заштитиме.

Овие податоци се чуваат и обработуваат од Casys (cpay.com.mk) и истите не се чуваат и обработуваат на Runners.mk туку само имаме увид во дел од податоците за да обезбедиме потврда на извршеното плаќање.


Препорачуваме плаќањето со платежна картичка да го вршите од уред кој е во ваша сопственост и да избегнувате јавни инернет мрежи, интернет кафеа и туѓи уреди при реализацијата на нарачката.

Повеќе за начинот на чување и обработка на вашите лични податоци прочитајте во нашата Политика за заштита на лични податоци

 

ПЛАЌАЊЕ ВО ГОТОВО ПРИ ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДОТ

Оваа опција за плаќање ви овозможува нарачаниот производ да го платите во моментот кога истиот ќе пристигне на дадената адреса која сте ја навеле за испорака. Ова плаќање се врши на доставното лице од доставната служба која ја врши испораката за Runners.mk. При подигањето на нарачката од достнасвното лице и плаќањето на производот, доставувачот е должен да ви издаде потврда дека е извршена достава на производот.

Со цел да овозможиме точна и навремена испорака на вашата нарачка ние ги споделуваме дел од вашите податоци со доставната служба со која имаме склучено договор за соработка. Тие податоци се: Име и презиме, контакт телефон и адреса за испорака.

Повеќе за начинот на споделување на вашите лични податоци со трети лица прочитајте во нашата Политика за заштита на лични податоци.

 

ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ОПШТА УПЛАТНИЦА ВО БАНКА ИЛИ ПРЕКУ Е-БАНКАРСКИ НАЛОГ

При избор на плаќање преку општа уплатница или е-банкарски налог, на вашата адреса на електронска пошта (Е-маил адреса) ќе ви биде испратена профактура со сите потребни податоци за плаќање на производот кој сте го избрале, вклучително бројот на нарачката и жиро сметката на која треба да ја извршите уплатата.

Со овие податоци треба да ја пополните општата уплатница  и истата можете да ја реализирате во најблиската банка или пошта до вас, или преку вашиот профил за интернет банкарство кој ви е доделен од вашата банка.
Откако ќе биде потврдена трансакцијата од наша страна производот ќе ви биде испратен на адресата која ја имате внесено во системот заедно со конечната фактура за извршената уплата.

Уплатницата треба да ги содржи следните информации:

Цел на дознака: Нарачка број: (го внесувате бројот од профактурата пратена на вашиот email) на Runners.mk
Налогопримач: МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ
Банка:  НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 
Жиро сметка: 210-0566211701-65