Menu
Your Cart

Политика за заштита на лични податоци

Последно обновено на: 09.07.2021


1Генерални информации

Со Политика за заштита на лични податоци се уредува начинот на собирање, обработка и чување на личните податоци преку веб страната Runners.mk, како и законските права на корисниците кои пристапуваат на веб страната и ги користат услугите на истата.

Ве молиме прочитајте ја внимателно Политиката за заштита на лични податоци пред да ги користите услугите на веб страната и доколку сте веќе корисник повремено проверувајте ја за да сте во тек со најновите промени.

Со пристапувањето или со користењето на веб страницата Runners.mk вие се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштита на лични податоци како и со Условите за користење на веб страната Runners.mk

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови активности и услуги, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на веб страната. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено“

Прибирањето и обработката на личните податоци на веб страната Runners.mk е во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.

Доколку сакате да се запознаете повеќе со вашите права можете да прочитате повеќе во Поглавје 8 од оваа Политика за заштита на лични податоци  или на страницата на Агенцијата за заштита на лични податоци на следниот линк https://privacy.mk.


2. Управување со лични податоци

Друштвото за трговија и услуги МТ ПРОМЕТ-1 увоз извоз ДООЕЛ Струмица е контролорот и воедно одговрен за собирањето и обработката на личните податоци на веб страната Runners.mk

Нашите контакт детали се следните:

Друштво за трговија и услуги МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ увоз извоз Струмица
Ул.Дојранска 14, 2400 Струмица
Контакт телефон: 034-340-965
Eмаил: [email protected]

 

Офицер за заштита на лични податоци назначен од МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ:

Име и презиме: Васка Љочева Јорданова
Контакт телефон: 034-340-965
Емаил: [email protected]


3Обработка на лични податоци

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници и тоа Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • се регистрирате односно креирате кориснички профил на Runners.mk;
  • ни праќате порака во секцијата “Контакт“;
  • поставувате прашање преку веб страната преку копчето “Постави прашање“;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи  преку нашиот сајт;
  • купувате Вредносен ваучер за подарок преку нашиот сајт;
  • враќање или замена на производ;
  • пребарува на на нашиот сајт
  • се пријавувате за електронски билтен преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
  • давате информации на наши Бизнис провајдери;

 

3.1Видови на податоци кои се обработуваат

 

3.1.1 ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на кориснички профил, порачување производ од нас, испраќање на порака на нас, контакт со нашиот кориснички сервис, поставување на прашање за производ, купување на вредносен ваучер, враќање/замена на производ може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.

Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса, е-мејл адреса и телефонски број.

Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност односно нема да можете да ја користите таа услуга

 Кога ќе нарачате производ при плаќање со платежна картичка веб страната ве пренасочува на страницата за плаќање на Casys (Cpay.com.mk) каде ги внесувате податоците од вашата платежна картичка.

Податоците за вашата платежна картичка кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Casys (Cpay.com.mk) кој е префрериран систем од страна на нашата банка УНИ БАНКА А.Д.

 

3.1.2 НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел.

Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови.

За повеќе информации во врска со тоа кои колачиња се користат посетете ја страницата на Политика за колачиња.

 

3.2 Правна основа за собирање и обработка на лични податоци

 

Во согласност со законите со кои се уредува заштитата на личните податоци, вашите лични податоци може да се обработат на следниве законски основи:

  • Кога ги обработуваме вашите лични податоци потребно е да го исполнувате договорот што го прифаќате;
  • Кога сте се согласиле за обработка на вашите податоци за специфични цели, секогаш имате право да ја одземете дозволата;
  • Кога Runners.mk (МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ) има легитимен интерес за обработка на вашите лични податоци (при обработка на податоци засновани на правен интерес, ние ќе го дефинираме експлицитно во контекст на оваа Политика.)
  • Кога тоа е неопходно за да се исполнат одредени обврски пропишани со закон (ова ги вклучува особено податоците што се чуваат за даночни цели).
  • Задолжително е да ги посредува само личните податоци што ги собираме врз основа на барањата на законодавството.

Сподечувањето на личните податоци неопходни за целите на активноста и услугата која се бара од корисниците се доброволни. Доколку не ни ги дадете вашите лични податоци, а треба да ја обезбедиме услугата што ја барате (како што се реализација на нарачка, потпишување договори, и сл.), ние нема да можеме да Ви обезбедиме таква услуга.

Усвојувањето е секогаш доброволно и без никакви негативни последици. Сепак, би сакале да ве потсетиме дека некои услуги (како што се е-билтен и прилагодување на рекламите за вашите потреби) нема да можат да се обезбедат без ваша согласност или откако ќе ја повлечете вашата согласност.

 

3.3Цел на обработка на личните податоци

 

Runners.mk ќе ги обработува вашите податоци само за специфични експлицитни и легитимни цели. Се обврзуваме дека не ги обработуваме вашите лични податоци на начин што е неспојлив со целите дефинирани во оваа Политика за заштита на лични податоци

Целите во кои може да ги користиме вашите лични податоци се дефинирани подолу. Runners.mk може да ги користи вашите лични податоци за една или повеќе идентификувани цели.

Целите за кои се користат вашите лични податоци се следните:

  • Комуникација со вас за да ви го обезбедиме бараниот информации за производ или услуга и да одговориме на вашите прашања. Ова вклучува прашања поставени преку емаил, преку формуларот за Контакт на веб страната, преку опцијата “Постави прашање“ која се наоѓа кај секој производ, преку телефон или преку социјалните мрежи
  • Реализација на нарачки. За да можеме успешно да го испратиме и доставиме производот кој сте го нарачале неопходно ни е да ги обработиме вашите податоци односно име и презиме, адреса за испорака, телефон за контакт и емаил. Доколку овие податоци недостигаат не сме во можност да ја реализираме нарачката и го задржуваме правото да ја откажеме нарачката.
  •  За маркетинг комуникации (вклучувајќи известувања за нови производи, промоции и попусти или организација на промотивни настани и известувања за останати новитети и информации од јавен карактер).
  • Посредување на лични податоци со трети лица. Ние би ги откриле личните информации на трети лица, како што е дефинирано во Поглавје 7 и Поглавје 8, само доколку го оправдува нашиот правен интерес за обезбедување на сигурно и законито работење и исполнување на законските обврски (на пример, даночни обврски кои може да вклучуваат посредување на вашите лични податоци во даночната администрација). Исклучок се договорните партнери што го користиме како аутсорсин за извршување на услуги кои произлегуваат од нашите договори; Ние ќе ги посредуваме вашите лични информации само врз основа на законските права и прописи и вашата изречна согласност.
  • Добивање законски барања и решавање на спорови. Со цел да го заштитиме нашиот бизнис и да ги спроведуваме и / или заштитиме неговите права, личните податоци може да бидат откриени. Ние ќе ги откриеме вашите лични податоци само на начин и под услови пропишани со закон.
  • За цели на статистичка анализа. Со цел да го подигнеме квалитетот на услугата и корисничкото искуство ја анализираме употребата на нашата веб страница што е легитимен интерес за подобрување и / или одржување на нашиот деловен успех.

Секоја обработка на вашите лични податоци може да биде ограничена или прекината во секое време. За ограничување или прекинување на обработката на вашите податоци може да не контактирате преку контакт деталите дефинирани во Поглавје 2 од оваа Политика за заштита на лични податоци.


3.4Чување на личните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

При барање за бришење на податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.


4Активности во кои се собираат лични податоци

4.1. Посета на веб страната

При посета на веб страната Runners.mk се собираат податоци за корисниците со цел да се подобри функционалноста на самата веб страница но и за да добиеме аналитички информации за активностите на корисниците на истата.

Ова се остварува преку поставување на колачиња (cookies) на уредот на корисникот. На корисникот при првата посетата на веб страната Runners.mk му се нуди можност да избере кои колачиња сака да ги дозволи а кои не при прелистувањето на веб страната. Корисникот во секое време може да направи промена на согласноста преку копчето  “Колачиња“ во долниот лев агол на веб страната.

Повеќе за начиннот на користење на колачињата можете да прочитате во Политика заколачиња.

Покрај тоа за корисниците додека се на веб страната собираме нелични информации во кои спаѓаат времето на посета на веб страната, страници кои ќе бидат посетени кои се дел од runners.mk, IP адресата од која е направена посетата и други податоци. Повеќе за видот на податоци кои се собираат можете да прочитате во Поглавје 3  на оваа Политика.

 

4.2. Регистрација на кориснички профил

Корисниците може да креираат свој кориснички профил на Runners.mk за да можат да ги следат нивните претходни нарачки, полесно да ги користат услугите на веб страната и да ги следат промените на производите кои им се додадени во Желботека.

При регистрација на кориснички профил корисникот споделува лични податоци со Runners.mk и тоа: Име и Презиме, Адреса, Телефон, Електронска пошта (Е-маил), IP адреса од уредот од кој пристапува и креира лозинка која е енкриптирана и служи за да пристапи до сопоствениот кориснички профил.

Корисникот може да избере да не ги сподели своите лични податоци но во тој случај оваа услуга нема да му биде достапна.

Корисникот согласно “Законот за заштита на лични податоци“ (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/20) може во секое време да направи увид во своите лични податоци, да побара стопирање на обработката на личните податоци или да побара бришење на неговите податоци при што сите податоци за неговиот профил кои не се неопходни согласно законските прописи ќе бидат избришани а останатите ќе бидат анонимизирани.

За правата на корисниците и начинот на остварување на истите прочитајте повеќе во Поглавје 11 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

 

4.3Поставување прашање за производ

Кај секој производ на веб страната Runners.mk е поставено копче “Постави прашање“ кое служи за да можете директно да стапите во контакт со нашиот кориснички сервис и да поставите прашање преку форма за електронска порака.
При
користење на оваа услуга потребни лични податоци се Име, електронска пошта (е-пошта), телефон за контакт и пораката која сакате да ни ја пратите. Воедно при користење на оваа услуга потребно е да го обележите полето дека се согласувате со оваа Политика за заштита на лични податоци.

Покрај овие податоци при праќањето на пораката вие автоматски го испраќате линкот од производот за кој прашувате но и вашата IP адреса од која пристапувате на веб страната.

Податоците Име, електронска пошта и телефон за контакт, како и полето за обележување дека се согласувате со нашата Политика за заштита на лични податоци се задолжителни и без нив оваа услуга нема да ви биде достапна.

Податоците кои ги давате при користење на оваа услуга се користат од страна на нашиот кориснички сервис да може да стапи во контакт со вас и да ви одговори на вашето прашање.

Овие податоци нема да бидат користени за други цели без ваша согласност освен за целта за која се споделени односно комуникација со корисничкиот сервис на Runners.mk


4.4Електронско контактирање (секција Контакт)

Runners.mk користи сопствен електронски формулар за комуникација со корисниците при што преку него собира и обработува податоци за праќачот на пораката.

Податоци кои се собираат и обработуваат во оваа услуга се Име, е-пошта, а покрај овие податоци интегрирано и копче на Google reCaptcha за безбедност од ботови (Повеќе за Google reCaptcha можете да прочитате во Поглавје 7)

Покрај овие основни податоци Runners.mk во пораката која ќе ја испратите го праќа и линкот од каде е испратена пораката и вашата IP адреса.

 

4.5Пребарување на веб страната

Услугата “Барај“  на веб страната овозможува полесно пребарување низ производите и содржините на Runners.mk  и дава можност побрзо да дојдете до саканиот производ и услуга.

При користење на оваа услуга вие внесувате термин кој ве интересира во полето за пребарување и со кликање на копчето со лупа му давате до знаење на системот дека треба да пребара низ сите содржини на веб страната кои го содржат овој термин.

При користење на оваа услуга може да собираме нелични податоци односно да го зачуваме бараниот термин без да го поврзуваме со вашиот кориснички профил или друг личен податок со цел за аналитичко обработување на најбараните термини на веб страната.

 

4.6Електронски билтен

Електронскиот билтен е услуга која овозможува корисниците да добиваат маркетинг пораки преку електронски пораки врз основа на претходно дадена согласност од страна на корисниците.

За користење на оваа услуга корисникот потребно е да де согласност со обележување на полето “Се согласувам со Политика за заштита на лични податоци“ пред да ја сподели со Runners.mk неговата електронска пошта.

Врз основа на оваа согласност Runners.mk може повремено да му испраќа електронски пораки на корисникот со комерцијални содржини поврзани со производите и услугите на Runners.mk

Runners.mk може согласно дадената согласност да ги сподели податоците од корисникот со трета страна – сервис провајдер за електронски пораки со која има склучено деловна соработка за реализација на оваа цел.

Корисникот може во секое време да ја промени согласноста за Е-билтен доколку има веќе креирано свој кориснички профил на Runners.mk преку најава на својот профил и избор на полето Не во делот за Е-Билтен од корисничкото мени.

Исто така корисникот може да ја промени согласноста во секое време преку контакт со нас. Контакт деталите се истакнати во Поглавје 2 на оваа Политика.

За повеќе информации во врска со директен маркетинг прочитајте повече во Политика за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг

 

4.7. Регистрација на корисник / креирање кориснички профил

При користење на услугата регистрација на корисник, Runners.mk собира и обработува податоци на корисниците и тоа: Име и презиме, адреса, електронска пошта, телефон за контакт, IP адреса. Покрај овие податоци додека корисникот е најавен со својот кориснички профил се поврзуваат и податоците за нарачки кои ги има направено, и производи кои ги има додадено во Желботека.

Овие податоци се чуваат согласно законските прописи и обработуваат за целите за кои е дадена согласност од корисникот. Доколку корисникот при регистрација го има обележано полето Да за Е-билтен односно дал согласнот да добива Електронски билтен од Runners.mk неговите податоци ќе бидат користени за испраќање на директни маркетинг пораки преку електронска пошта. Во спротивно неговите податоци нема да бидат користени за директен маркетинг.

Оваа согласност корисникот може да ја промени во секое време и без било каков надоместок. За повеќе информации во врска со правата на корисниците прочитајте во Поглавје 11 на оваа Политика.

 

4.8. Правење на нарачка / Купување

При користење на услугата Купи на Runners.mk  корисникот се пренасочува кон страницата за Плаќање каде потребно е да ги внесе личните податоци за да може да се креира нарачка.

На оваа стрнаица корисникот има 3 опции за да ги внесе своите податоци за нарачка и тоа:

  • Најави се – доколку корисникот веќе има креирано свој кориснички профил при што со внесување на својот емаил и лозинка системот автоматски ќе ги повлече неговите податоци и адреса кои претходно ги има оставено и ќе ги пополни бараните полиња.
  • Регистрирај се – опцијата која му овозможува на корисникот паралелно со правење на нарачката да креира кориснички профил на Runners.mk при што покрај Име и Презиме, Емаил (електронска пошта која има својство на корисничко име се користи за најава на профилот) од корисникот се бара дополнително да постави и лозинка за заштита при пристап до неговиот кориснички профил. Дополнително системот ја зачувува и IP адресата на уредот од која корисникот го креира својот кориснички профил и ја креира нарачката. Во моментот кога нарачката ќе биде креирана истата ќе се поврзе автоматски со корисничкиот профил кој го креирал корисникот.
  • Гостин – опцијата овозможува корисникот да креира нарачка без да креира кориснички профил, при што податоците кои се потребни се Име и Презиме, електронска пошта (емаил) , Телефонски број за контакт, како и податоците за Адреса за наплата и Адреса за испорака опишана подолу. Дополнително системот ја зачувува и IP адресата на уредот од која корисникот ја креира нарачката. Во случај на креирање на нарачка преку опцијата Гостин, нарачката не се поврзува со кориснички профил на корисникот а податоците кои се споделени од страна на корисникот се чуваат и обработуваат за целите за кои се споделени со нас и за кои е дадена согласност.

 На страницата за Плаќање корисникот потребно е да ги внесе своите лични податоци во делот за “Податоци за наплата“

Во делот Адреса за наплата од корисникот се бара да ги внесе следните лични податоци: Адреса, Град, Држава и Регион. Овие полиња се задолжителни за да може креираната нарачка да биде уредно процесирана. Корисникот може да избере да не ги пополни овие полиња со неговите податоци но во тој случај услугата нема да му биде достапна односно нема да може да биде креирана нарачка.

Доколку адресата за наплата и адресата за испорака се исти, корисникот може да го обележи полето “Адресата за испорака и наплата е иста“ кое е веќе поставено како обележано.

Во спротивно доколку адресата за испорака на нарачката е различна од адресата за наплата корисникот потрбено е да го одселектира полето “Адресата за испорака и наплата е иста“ и во делот Адреса за испорака да ги внесе податоците за испорака односно Име и Презиме на примачот, Адреса, Град, Држава и Регион.

Доколку примачот на нарачката е друго лице, различно од лицето кое ја креира нарачката и врши плаќање за истата, лицето кое ја креира нарачката треба да е свесно дека спододелува податоци за друго лице и другото лице треба да биде согласно со обработката на неговите лични податоци за целта за која се наменети во нарачката.

Дополнително на оваа страница се наоѓаат и следните полиња за обележување:

  • Сакам да се претплатам на е-Билтен на RUNNERS.MK – со ова поле корисникот дава согласност  неговите податоци да се користат за испраќање на директни маркетинг пораки. Ова право корисникот може да го повлече во секое време. Ве молиме прочитајте повеќе за Директен маркетинг во Поглавје 9
  • Ги прочитав и се согласувам со Политиказа заштита на лични податоци – со ова поле корисникот потврдува дека се согласува со оваа Политика. Корисникот може да избере да не го обележи ова поле но во тој случај услугата нема да му биде овозможена и нема да може да креира нарачка на Runners.mk
  •  Ги прочитав и се согласувам со Условиза користење,  - со ова поле корисникот потврдува дека се согласува со Условите за користење на Runners.mk и исто така и ова поле е задолжително. Корисникот може да избере да не го обележи ова поле но во тој случај услугата нема да му биде достапна и нема да може да креира нарачка.
  • Поле за reCAPTCHA, кое се користи за заштита од ботови. Повеќе за ова поле може да прочитате во Поглавје 7

Други податоци кои се зачувуваат во оваа услуга се IP адресата на уредот преку кој корисникот ја креира нарачката и производите кои се ставени во кошничката, избраниот начин на испорака и избраниот начин на плаќање на нарачката.

 

4.9. Нарачка преку телефон

Корисниците на Runners.mk по сопоствен избор може да стапат во контакт со нашиот кориснички сервис преку телефон со повик или SMS порака за да направат нарачка.

Во овој случај од операторите на корисничкиот сервис може да им бидат побарани одредени лични податоци како Име и Презиме, адреса, телефон и електронска пошта.

Овие податоци ќе бидат обработувани исклучиво за целта за која се наменети односно креирање и процесирање на нарачка и нема да бидат користени за други цели освен законски утврдените без согласност од страна на корисникот.

Корисникот има право да не ги сподели бараните лични информации со корисничкиот сервис но во тој случај нема да му биде овозможена услугата која ја бара.


4.10Комуникација преку трети страни (социјални мрежи и комуникациски апликации)

Корисниците на runners.mk може по сопоствено убедување и желба да стапат во контакт со корисничкиот сервис на Runners.mk преку трети страни, социјални мрежи како Facebook, Instagram, Youtube или пак преку мобилни комуникациски апликации како Messanger, Insagram Direct, WhatsApp или Viber со контакт до официјалните фан страници или социјални кориснички профили на Runners.mk

При комуникацијата со корисничкиот сервис на Runners.mk преку овие трети страни корисниците треба да имаат во предвид дека нивните податоци и податоците кои ќе ги споделат во комуникацијата се зачувуваат и обработуваат од трети страни и во трети земји надвор од Европската Унија и Европската економска зона, при што не важат истите законски прописи кои ги штитат правата на приватност на корисниците.

Напоменуваме дека друштвата во овие земји надвор од ЕУ и ЕЕЗ подлежат на закони кои не ги штитат личните податоци во иста мера како што е случајот со земјите членки на ЕУ и ЕЕЗ.

Runners.mk односно MT Промет-1 ДООЕЛ нема никаква контрола врз начинот на кој овие трети страни ги користат и обработуваат споделените податоци преку нив, и за истите важат посебни политики на приватност кои ги одредуваат самите социјални мрежи или комуникациски апликации.

Пред да ги користите овие трети стрни ве молиме прочитајте ги нивните политики за приватност.

Линкови до Политиките на приватност на социјалните мрежи и комуникациски апликации:

 

Официјални кориснички профили и социјални фан страници на Runners.mk се следниве:

 

4.11Процесирање на плаќање

При избор на Начин на плаќање со платежна картичка, корисникот се пренасочува преку безбеден протокол на веб страната на Casys (cpay.com.mk) која е терминал за плаќање со платежна картичка, при што податоците од платежната картичка не се видливи и не се зачувуваат на Runners.mk. Единствени достапни податоци до Runners.mk при плаќање со платежна картичка се Име и Презиме на носителот на картичката, бројот на нарачката, бројот на трансакцијата, износот  кој е платен и статусот на трансакцијата.

 

4.12Желботека

Услугата желботека овозможува корисниците да ги зачуваат производите кои им се допаѓаат и да имаат лесен и брз пристап до нив за да можат да ги следат промените и евентуалните промоции и попусти за истите.

Оваа услуга се поврзува со корисничкиот профил на корисникот преку кој корисникот може да пристапи до неговите проиводи од Желботека.

Доколку корисникот на својот кориснички профил има дадено согласност за добивање на електронски билтен (Е-Билтен) од Runners.mk, согласно оваа Политика за заштита на личните податоци ние можеме да му испраќаме персонализирани електронски пораки на корисникот со известување за промените на производите и промоциите за истите.

Корисникот може во секое време да ја повлече оваа одлука за согласност и со повеќе нема да му бидат испраќани персонализирани електронски пораки.

Ве молиме прочитајте повеќе во Поглавје 11 на оваа Политика за тоа кои права им следуваат на корисниците.

 

4.13Купување на вредносен ваучер

Оваа услуга овозможува корисникот да креира и купи вредносен ваучер во износ кој тој ќе го одбере и истиот да го подари на друго лице. За оваа услуга корисникот потребно е да ги остави следните лични податоци: Ваше име (име на купувачот на вредносниот ваучер), Ваша е-маил адреса ( електронска пошта на купувачот на ваучерот).

Покрај овие податоци корисникот на услугата потребно е да остави податоци и за примачот на Вредносниот ваучер  (Име на примачот и емаил адреса на примачот) на кого корисникот сака да го подари истиот. Примачот може да биде и истото лице/ корисник на услугата, но и друго лице во својство на примач на подарок вредносен ваучер.

Во случај лицето кое е Примач на вредносниот ваучер да е различно од лицето Купувач, купувачот треба да е свесен дека споделува лични податоци со нас за трето лице.

Податоците на третото лице  кое е примач на вредносниот ваучер ќе бидат обработувани за да се реализира нарачката на вредносниот ваучер и нема да бидат користени за други активности без негова согласност.

 

4.14Враќање / замена на производ

Преку услугата за Враќање на продукти корисниците ги оставаат следните лични податоци: Име, Презиме, Е-маил (електронска пошта), Телефон.

Овие лични податоци се задолжителни покрај полето за Број на нарачка и се неопходни како би се утврдило од корисничкиот сервис за која нарачка станува збор и дали идентитетот на нарачателот се поклопува со баратело на услугата Враќање / замена на производот.

Покрај овие полиња оваа услуга содржи и поле CAPTCHA кое е поставено од трета страна Бизнис провајдер Google reCaptcha со цел за заштита од ботови  кое исто така собира ваши податоци.
Повеќе за
Google reCaptcha можете да прочитате во Поглавје 7

Корисникот може да одбие да ги даде своите лични податоци за оваа услуга но во тој случај услугата нема да му биде достапна.

 

5Колачиња

Веб страницата www.runners.mk користи  „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на уредот на корисникот од страна на мрежниот сервер.

“Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.

Одредени колачиња кои се поставуваат на уредот на корисникот се задолжителни и се наменети за полесно отварање и прелистување на веб страната и без нив истата нема да може да ги овозможи некои од своите услуги.

Втората група на колачиња се аналитички и статистички и служат за мерење на резултатите и подобрување на квалитетот на услугата, при што за нив се користат Трети страни деловни партнери кои ги провајдираат овие аналитички услуги на runners.mk

Третата група на колачиња се користат за маркетинг и ретаргетинг и истите имаат за функција да овозможат креирање и прикажување на маркетинг содржини и реклами на социјални мрежи и трети страни прилагодени според интересите на корисникот.

Некои од овие колачиња може да собираат и обработуваат лични податоци на корисниците и Колачињата собираат и лични податоци за што е објаснето во Поглавје 7 на оваа политика.

Прочитајте повеќе во Политика за колачиња за да дознаете кои колачиња се поставуваат на вашиот уред и како да ги контролирате истите.


6Социјални мрежи

На веб страната Runners.mk на корисниците им стојат на располагање линкови до социјалните мрежи како на пример Facebook, Youtube и Instagram и истите се означени со соодветното лого на компанијата за полесно препознавање.

Доколку корисникот ги следи овие линкови ќе стигне до официјалните фан стрнаици и профили на runners.mk креирани на овие социјални мрежи. Со кликнување на линкот кој води до овие социјални мрежи корисникот се пренасочува и воспоставува врска со серверот на соодветната социјална мрежа која ја кликнал.

На тој начин на серверите на социјалната мрежа која е кликната им се пренесуваат дека корисникот ја посетил веб страната https://runners.mk како и други информации како на пример: адресата на веб страницата на која се наоѓа активниот линк, датумот и времето на пристапот до веб страницата односно активниот линк, информации за пребарувачот и корисничкиот оперативен систем, IP адресата и други информации.

Доколку корисникот веќе е најавен на соодветната социјална мрежа во моментот на активирање на активниот линк, давателот на услугата за социјална мрежа може да го одреди корисничкото име на корисникот и ако е потребно дури и вистинското име на корисникот од пренесените податоци и да му ги додели овие податоци на неговиот кориснички профил.

Корисникот може да ја исклучи оваа можност доколку пред кликнување на активниот линк се одјави од неговиот личен кориснички профил на соодветната социјална мрежа.

Серверите на социјалните мрежи се наоѓаат во САД и други земји надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска зона (ЕЕЗ), па затоа податоците од давателот на услугата а социјални мрежи во земја надвор од територијата на Европска унија или Европската економска зона.

Напоменуваме дека друштвата во овие земји надвор од ЕУ и ЕЕЗ подлежат на закони кои не ги штитат личните податоци во иста мера како што е случајот со земјите членки на ЕУ и ЕЕЗ.

Runners.mk нема никакво влијание врз обемот, видот и целта на обработка на податоците од страна на давателите на услугата за социјални мрежи.

Подетални информации за употребата на корисничките податоци преку социјалните мрежи, вклучени на веб-страницата RUNNERS.mk, може да најдете во политиката за заштита на податоци на соодветната социјална мрежа. 


Тука ќе ја најдете изјавата за заштита на податоците за социјалната мрежа:


7Трети страни кои собираат ваши податоци


Google Analytics

Runners.mk веб страната користи аналитика на Google Analytics за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и IP адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата.

Доколку сакате да дознаете повеќе за кои аналитички колачиња од страна на Google Analytics се поставуваат на вашиот уред при прелистување на Runners.mk проверете во нашата Политика на колачиња

 

Youtube

На Runners.mk на повеќе места кај што се претставени производи се вклучени и видеа од YouTube. YouTube е социјална мрежа за споделување на видеа  во сопственост на YouTube LLC, San Bruno, CA 94066, USA, подружница на Google Inc., Mountain View, CA 94043, САД односно од Google Ireland Limited, Даблин, Ирска.

Овие видеа на YouTube се вклучени во содржините со напреден модул за заштита на податоци. Во овој случај YouTube не прима никакви информации за корисниците се додека корисниците не го активираат и гледаат видеото кое е поставено.

Кога корисникот ќе го активира (кликне) видеото, вашата IP адреса се пренесува на YouTube и со тоа YouTube дознава дека сте го гледале видеото. Покрај тоа пребарувачот на корисникот контактира со услугата Double-click која исто така е во сопственост на Google Ireland Limited, Даблин, Ирска.

Доколку во исто време сте најавени на вашиот кориснички профил на Youtube овие информации може да се доделат на вашиот профил дека сте го погледнале видеото.

Ова можете да го спречите доколку одјавите од вашиот кориснички профил на YouTube пред да го гледате видеото.

Колачето Double-Click важи 30 дена и деактивација на истото е можна преку следниот линк

Ние немаме информации и влијание врз можното собирање и употреба на вашите податоци од страна на YouTube. Повеќе информации, вклучително и информации за услугата Double-Click и употребата на колачиња од страна на Google, може да се најдат во изјавата за заштита на податоци на Google на следниот линк www.google.en/intl/en/policies/privacy/.

Правната основа за обработка на податоците поврзани со вклучувањето на видеата е врз основа на 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци, засновано врз нашиот интерес, да можеме да им ја презентираме нашата содржина на корисниците во најпривлечна можна дигитална форма.

 

Facebook

Facebook Inc. Мелно Парк, Калифорнија, САД односно Facebook Ireland Limited, Даблин, Ирска е американска компанија сопоственик на социјалната мрежа Facebook.com

На Runners.mk може да се најдат содржини и копчиња поставени од Facebook кои, кога корисникот ќе ги активира (кликне) видеото, социјално копче или друга алатка поставена на веб страната Runners.mk од Facebook, вашата IP адреса се пренесува на Facebook и со тоа Facebook дознава дека сте ја прегледале содржината или сте го активирале копчето.

Доколку во исто време сте најавени на вашиот кориснички профил на Facebook овие информации може да се доделат на вашиот профил дека сте го погледнале видеото.

Ова можете да го спречите доколку одјавите од вашиот кориснички профил на Facebook пред да го гледате видеото.

Ние немаме информации и влијание врз можното собирање и употреба на вашите податоци од страна на Facebook. Повеќе информации за употребата на колачиња и начинот на обработка на личните податоци од страна на Facebook, може да се најдат во изјавата за заштита на податоци на Facebook на следниот линк https://www.facebook.com/privacy/explanation.

 

SiteLock

SiteLock  е безбедносен софтвер во сопственост на SiteLock, LLC East Hartford Drive Suite 200, Scottsdale, Аризона, САД кој случи за 360% заштита на IT инфраструктура од неавторизирани упади, смап, ботови, малвери и останати активности кои може да доведат до нарушување на безбедноста на податоците.

SiteLock работи во позадина на веб страната и активно го скенира целиот сообраќај кој доаѓа на Runners.mk и ги блокира оние посети кои ја ставаат во прашање безбедноста на податоците.

 

Google reCAPTCHA

ReCAPTCHA услугата на Google Ireland Limited, Даблин, Ирска. работи преку алгоритам кој ги анализира активностите на корисникот преку креирање на слика од прелистувачот на корисникот. Доколку активностите се идентификуваат како механички или се користи измислен збор оваа активност се обележува како сомнителна од системот.

Податоци и активности кои ги собира и анализира reCAPTCHA се следните:

  • Образец на пишување на корисникот
  • Бројот на маус кликови кои ги направил корисникот на веб страната
  • Кој јазик на прелистувач го користи
  • Google колачиња кои се поставени на страната
  • IP адресата на корисникот
  • Додатоци инсталирани на прелистувачот
  • Одговори на полиња со прашање (доколку има)
  • CSS Информации за страната.

За таа цел, Вашиот внес, IP адресата и евентуално други податоци потребни од Google за услугата reCAPTCHA се пренесуваат на Google. Тука се применуваат правилата за заштита на податоци на Google, кои можете да ги најдете на следниот линк: https://policies.google.com/privacy?hl=en/  Правната основа за обработка на податоците поврзани со користењето на услугата е врз основа на член 6 став 1 буква f) од GDPR и член 10 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци, засновано врз нашиот интерес, да обезбедиме најдобра можна безбедност на нашите IT системи односно да спречиме напади врз нашите веб-страници.

 

8. Споделување податоци со трети страни (деловни соработници)

Runners.mk со цел да обезбеди квалитетна услуга може да ги споделува вашите лични податоци со деловни соработници чии услуги ги користи како аутсорсинг за извршување на одредена активност. Вакви деловни соработници се Поштенските оператори со кои МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ има склучено договор за деловна соработка, при што за ваквата деловна соработка важат законските прописи на Република Северна Македонија и “Законот за заштита на лични податоци “(Сл.Весник бр.42/20).


9Директен маркетинг

Runners.mk во моментов не користи директен маркетинг за комуникација со корисниците и не ги споделува податоците кои се обработуваат од корисниците со трети сервиси за испраќање на промотивни маркетинг пораки ниту преку телефонски или електронски формат.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата https://runners.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.

На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Корисникот може да се претплати за да добива електорнски билтен преку внесување на својата електронска адреса во полето “Е-Билтен“ кое се наоѓа на дното на веб страната во десниот агол при што потребно е да даде согласност за обработка на неговите податоци за цели за директен маркетинг со обележување на полето дека се согласува со оваа Политика за заштита на лични податоци. Ова поле означува потврда (opt-in) за користење на неговата емаил адреса за цели за директен маркетинг.

Корисникот кој веќе се пријавил да добива електронски билтен може во секое време да ја откаже оваа услуга (opt-out) со повторно внесување на својата електронска адреса во истото поле.

Дополнително корисникот при регистрација на кориснички профил и/или купување на производ на страницата за “Плаќање“ може да даде согласност за користење на неговите лични податоци за цели за директен маркетинг со обележување на полето “Сакам да се претплатам на е-Билтен на RUNNERS.MK.“

При регистрација на кориснички профил преку страницата за “Регистрација“ корисникот има можност да избере “Да“ или “Не“ кај полето Претплати се во делот за “Е-Билтен“. Доколку избере “Да“ дава согласност (opt-in) за неговите податоци да се користат за испраќање на електронски пораки со цел за директен маркетинг.
Корисникот кој се има регистрирано со кориснички профил може во секое време да ја повлече оваа согласност преку најава на веб страната со своите кориснички податоци и во делот за Е-Билтен да избере дека ја откажува претплатата за Е-билтен.

Доколку сакате да се одјавите (opt-out) од услугата да добивате електронски пораки за цели за директен маркетинг или имате прашање тоа можете да го направите и со директен контакт до нас преку контакт деталите наведени во  Поглавје 2.

Деталите за Политиката за користење на личните податоциза цели на директен маркетинг се достапни на следниот ЛИНК 

 

10Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име.

Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Покрај тоа за дополнителна безбедност на Runners.mk е интегриран и безбедносен софтвер од провајдерот SiteLock кој врши контрола на пристапот до веб страната и ги блокира сите несакани обиди за упад на веб страната.

 

Податоци за плаќање

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Уни Банка А.Д односно Casys (cpay.com.mk) која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции.

Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

 

11Права на корисниците

За обработката на вашите лични податоци вашите права согласно законските прописи се следните:


11.1.   Пристап до вашите лични податоци

Корисниците имаат право да побарате потврда од Контролорот дали вашите податоци или податоци за вас се обравотуваат од страна на Runners.mk, кои податоци се обработуваат и кога од Runners.mk.

Ова право можете да го остварите преку доставување на барање до МТ ПРОМЕТ-1 на адресата од став 2 или преку електронска пошта со пополнување и испраќање на Образец 1 кој можете да го превземете на следниот линк подолу.

Образец 1 – Пристап до вашите лични податоци

Доколку вашето барање е уредно и доколку вашите податоци се наоѓаат во системот на Runners.mk од наша страна ќе ви биде доставена една копија од податоците во бараниот формат кој сте го навеле во образецот.

Доколку вашето барање е нецелосно истото ќе биде одбиено.

 

11.2.   Право на корекција на личните податоци

Корисниците имаат право да побараат нивните лични податоци да ги корегираат или дополнат нецелосните или неточни информации кои се обработуваат за нив од страна на Runners.mk.

Барањето може да го достават до Контролорот на адресата од Поглавје 2 на Политика за заштита на лични податоци (линк до адреса).

 

11.3.   Право на ограничување на личните податоци

Корисниците имаат право да побараат ограничување на обработката на нивните лични податоци (пр. За утврдување на точност на личните податоци на корисникот)  и ова право може да го остварат преку контакт до Контролорот на било кој начин наведен во Поглавје 2 од оваа Политиката за заштита на лични податоци 

 

11.4.   Право на бришење на лични податоци и анонимизација

Корисниците имаат право да побараат бришење на нивните лични податоци од Runners.mk и ова право исто така може да го остварат со писмена или електронска порака до МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ наведен во Поглавје 2 од оваа Политика за заштита на лични податоци.

При реализација на ова барање ќе бидат избришани оние податоци за кои постои техничка и законска основа за нивно бришење а останатите ќе бидат аниномизирани со цел да не може веќе да се утврди идентитет на корисникот.

 

11.5.   Право  на повлекување на согласност

Корисниците имаат право да ја повлечат согласноста за користење на нивните лични податоци кои се обработуваат од страна на МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ во било кое време со контакт до Контролорот од Поглавје 2 од оваа Политика за заштита на лични податоци.

Повлекувањето на согласноста нема никакви последици но одредени услуги во овој случај повеќе нема да може да ви бидат достапни.

 

11.6.   Право на поднесување на приговор

Корисниците имаат право да поднесат приговор за начинот на користење на нивните податоци доколку вашите податоци се користат за директен маркетинг или индивидуално профилирање

Ова право можете да го остварите со поднесување на било кој начин наведен во Поглавје 2 од оваа политика.

 

11.7.   Право на пренос на податоците

Корисниците имаат право да побараат пренос на нивните лични податоците на друго правно лице односно Контролор.

Податоците ќе бидат испорачани во структурирана често користена и во читлива форма.

Ова право можете да го остварите со поднесување барање во печатена или електронска порака на начин наведен во Поглавје 2 од оваа политика.

 

11.8   Право на поднесување барање до Дирекција за заштита на лични податоци

Корисниците имаат право да поднесат барање до Дирекцијата за заштита на лични податоци доколку сметаат дека е настаната повреда на нивните права согласно Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република северна Македонија“ бр.42/20)

Ова право може да го остварат на следниот линк https://dzlp.mk/prizlnlp

 

Корисниците може да пристапат до сите права утврдени со закон преку контактирање со нас преку било кој од каналите наведени во Поглавје 2 од оваа Политика за заштита на лични податоци.

Исто така достапни сме доколку ви се потребни и дополнителни информации и појаснувања за вашите права.

Ние ја земаме во предвид брзината и интегритетот на личните податоци што ги обработуваме. Затоа ве молиме да не известите за било каква промена во вашите лични податоци преку контакт со нашиот офицер за заштита на лични податоци Васка Љочева Јорданова на емаил: [email protected] или на телефонскиот број 034-340-965.

При постапување по вашите барања за остварување на права го задржуваме правото  да побараме одредени лични податоци (како име, презиме, електронска адреса, адреса ) заради идентификување на поединецот во случај на остварување на правото од ова поглавје.

 

12ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

 Runners.mk не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица.

Со користењето на Runners.mk изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања преку веб страната, како и да ги користите останатите услуги.

Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците доколку дојдеме до знаење дека истите се на регистриран корисник кој нема наполнети 18 години. 

 

13. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ може да ја менува и дополнува оваа Политика за заштита на лични податоци соодветно на настанатите промени во законската регулатива како и промени на услугите и активностите на веб сраната.

Ве молиме посетувајте ја оваа страница за да бидет во тек со новите промени на истата. Датумот на последната промена ќе биде секогаш истакнат на почетокот на оваа страница.

Вие се согласувате дека се согласувате со новата верзија на оваа Политика доколку по настанатите нови промени на Политика за заштита на лични податоци вие продолжите да ја користите веб страницата и нејзините услуги.