Placeholder canvas

Политика за директен маркетинг

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Со цел за подобра промоција на брендот и производите на Runners.mk и подобра комуникација со корисниците, Runners.mk (МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ) има донесено Политика за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг која е составен дел на Политиката за за заштита на личните податоци.

 

1. Кои лични податоци ги собираме и за што се користат
RUNNERS.MK (МТ Промет-1 ДООЕЛ) ги користи ваштие податоци за да ви овозможи подобро користичко искуство на страната. Информациите кои ви ги испраќаме се во согласност со вашите интересн и преференци за наши производи.

Доколку изразите интерес за прозиводите кои се продаваат на Runners.mk со ваша согласност може да добивате електронски пораки од нас за слични производи. Исто така со ваша изразена согласност може да добивате и други материјали во форма на персонализирани реклами на социјалните мрежи.

Согласно политиката за заштита на лични податоци за маркетинг промотивни цели, ние ги собираме и обработуваме следните лични податоци за вас:

Ваше име и презиме, ваша адреса, ваш телефонски број за контакт, и ваша електронска пошта (емаил). Ние исто така ги процесираме обработуваме вашите преференци за групи на производи за кои имате пројавено интерес на веб страната Runners.mk како наш корисник.

 

2. Основа за обработка на податоците за директен маркетинг
Политиката за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг е регулирана согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/20) и истиот ви дава право на приватност поврзано со електронските комуникации.

Вашите права се детално објаснети во Политика за заштита на лични податоци.

 

2.1 НАШ ПРАВЕН ИНТЕРЕС
Runners.mk обработува и користи лични податоци за испраќа маркетинг и промотивни материјали со цел да ги промовира своите производи и услуги до корисниците кои дале согласност дека сакаат да добиваат вакви пораки и материјали.

Легитимните цели и интереси за испраќање на маркетинг промотивните материјали се подобрување на економските резултати на компанијата, подобра комуникација со корисниците и известување на корисниците за новитетите и промотивните активности на Runners.mk.

 

2.2 СОГЛАСНОСТ
Сите промотивни и маркетинг материјали се испраќаат на корисниците кои дале јасна согласност дека сакаат да добиваат промотивни материјали од Runners.mk.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на кориснички профил на веб страницата со избирање на опцијата “ДА“ во делот Е-Билтен или при купување на производ на страницата Плаќање со обележување (штиклирање на полето “Сакам да се претплатам на е-Билтен на RUNNERS.MK“.

Персонализирани маркетинг реклами на социјалните мрежи може да се испорачуваат само на корисниците кои се имаат согласено да добиваат Маркетинг и промотивни колачиња (Повеќе за начинот на управување со “колачиња“ прочитајте во Политика за колачиња)

 

3. Како може да ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг и промотивни пораки?
Корсниците можат да ја повлечат својата согласност за добивање на маркетинг и промотивни материјали и пораки во секое време.

Доколку имате креирано сопствен кориснички профил, согласноста за добивање на Е-билтен можете да ја повлечете со најава на вашиот кориснички профил и во секцијата Е-Билтен да го обележите полето “Не“.
Со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Вашата согласност за добивање на електронски пораки и персонализирани реклами можете да ја повлечете и преку контакт со нашиот офицер за заштита на лични податоци.

Офицер за заштита на лични податоци назначен од МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ:

Име и презиме: Васка Љочева Јорданова

Контакт телефон: 034-340-965

Емаил: mtpromet1@gmail.com

 

4. Сервис провајдери кои ги примаат вашите податоци
RUNNERS.MK (МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ) може да користи услуги на трети страни сервис провајдери за обработка на вашите податоци за маркетинг и промотивни цели.

Обработката на подтоците е исклучиво за маркетинг и промотивни цели, вклучително испраќање на промотивни материјали. Третите страни се обврзуваат на клаузула за дискретност и не е дозволено користење на вашите податоци за ниту една друга цел освен маркетинг и промотивни пораки и материјали на Runners.mk

Овие трети страни сервис провајдери се обврзани своите услуги да ги испорачуваат во согласност со Европскат регулатива и Меѓународните акти кои ја регулираат областа на заштита на лични податоци, на кои е потписник и Република Северна Македонија.

 

5. Период на чување на податоците
Вашите податоци се чуваат и обработуваат за периодот додека се исполнува целта за која е дадена согласност од ваша страна односно испраќање на промотивни и маркетинг материјали.

Со повлечување на вашата согласност за добивање на маркетинг и промотивни материјали од Runners.mk повеќе нема да ги користине за таа цел.

Доколку вашите податоци не се потребни за остварување на други цели (пр. За вашиот кориснички профил, за обработка на нарачка, за решавање на спор или за други цели со правна обврска за чување ) истите ќе бидат избришани.

 

Други важни информации:

Ве молиме прочитајте повеќе за начинот на користење и обработка на вашите лични податоци на следните линкови

Политика за заштита на лични податоци
Политика за колачиња
Општи услови за користење
Начин за купување

Контакт информации:
МТ Промет-1 ДООЕЛ,

Адреса: ул.Дојранска бр.14, 2400 Струмица

ЕДБ: МК4027002133725

Тел: +389 78 470 470

Банка: НЛБ ТУТУНСКА БАНКА

Жиро сметка: 210-0566211701-65

Емаил: mtpromet1@gmail.com

 

Офицер за заштита на лични податоци:

Име и презиме: Васка Љочева Јорданова

Контакт телефон: 034-340-965

Емаил: mtpromet1@gmail.com