Placeholder canvas

Општи услови

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Овие Услови за користење се последно обновени на 07.07.2021

Добројдовте на RUNNERS веб сајтот (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на користење (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

 

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ, го поседува и менаџира сајтот www.runners.mk (“RUNNERS”, “ние”, “наше” или “нас”) и неговите мобилни верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на користење (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на користење за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на личниподатоци заедно со овие Услови на користење, и Условите за купување збирно се нарекуваат Услови на користење.

 

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ RUNNERS.MK, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА АКТИВНОСТ, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

 

Условите на користење се организирани на следниот начин:

  1. За веб сајтот
  2. Сопственост на веб сајтот
  3. Употребување на веб сјатот
  4. Регистрација и најава на веб сајтот
  5. 5. Пристап до сајтот
  6. 6. Измена на Условите на користење
  7. 7. Вашиот профил
  8. 8. Опрема за употреба на сајтот
  9. 9. Кодекс на однесување на крајниот корисник
  10. 10. Вашата приватност
  11. 11. Услови на купување
  12. 12. Специјални програми
  13. 13. Авторски права и трговска марка
  14. 14. Корисничка содржина
  15. 15. Непосакувани идеи
  16. 16. Политика на авторско право
  17. 17. Општи услови за гаранција
  18. 18. Ограничување на одговорноста
  19. 19. Електронска комуникација
  20. 20. Содржина на трети лица
  21. 21. Надоместок на штети/ослободување
  22. 22. Виша сила
  23. 23. Целосен договор
  24. 24. Применлив закон и надлежен суд

 

1. ЗА ВЕБ САЈТОТ

RUNNERS.МК овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот runners.mk, со кој дејствува фирмата МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ. Преку сајтот “runners.mk” МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ ги изложува и продава своите производи за кои е овластен застапник за Република Северна Македонија. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

 

2. СОПСТВЕНОСТ НА ВЕБ САЈТОТ

Сајтот, целата содрижина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се наша сопственост и на други даватели на услуги. Со користење на овој сајт од крајниот корисник и претходно дадена согласност од страна на крајниот корисник со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) RUNNERS.MK ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови за користење и со сите дополнителни политики и правила поставени од RUNNERS.MK; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од RUNNERS.MK.

 

3. УПОТРЕБУВАЊЕ НА САЈТОТ

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

–          Имате најмалку 18 години;

–          Сте во можност да направите правна обврска;

–          Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи;

–          Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации;

–          Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на користење;

–          Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда;

–          Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели;

–          Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци;

–          Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време;

–          Ќе купувате само од понудите преку сајтот со креирање на профил на сајтот или како гостин купувач и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, овие Услови за користење како и Политиката за заштита на лични податоци

–          Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.

 

4. РЕГИСТРАЦИЈА И НАЈАВА НА ВЕБ САЈТОТ

Доколку сакате да се регистрирате како корисници на runners.mk истото може да го направите со кликање на копчето “Регистрирај се” со внесување на своите податоци, Име и презиме, емаил адреса, адреса, телефонски број за контакт и лозинка. При регистрација потребно е задолжително согласување со Условите за користење и Политиката за заштита на лични податоци.

Доколку не се согласувате не продолжувајте со процесот на регистрација. Доколку сакате да добивате емаил известувања постои не-задолжителна опција “Е-Билтен?” каде во полето “Претплати се“ треба да одберете “Да” или “Не” доколку сакате или не сакате да добивате емаил известувања.

При секое наредно најавување на профилот потребно е да го внесете својот емаил и лозинка за да се најавите. По успешната најава можете да пристапите до вашиот кориснички профил на веб страната и да ги користи сите функционалности кои се достапни за регистрираните корисници.

Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за заштита на лични податоци на овој линк.

 

5. ПРИСТАП ДО САЈТОТ

Runners го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на RUNNERS, и RUNNERS не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на RUNNERS е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања.

Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на RUNNERS, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

RUNNERS има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

 

6. ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ

RUNNERS го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно.

Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако RUNNERS прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт.

Овие промени нема да важат за нарачки направени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Доколку не се согласувате со промените можете да побарате стопирање или бришење на Вашиот кориснички профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите.

Вашите права како корисник можете да ги остварите со контакт со нас преку начините наведени во Политика за заштита на лични податоци во Поглавје2

Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите нарачки направени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови за користење и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

 

7. ВАШИОТ ПРОФИЛ

Можете да креирате и одржувате само еден кориснички профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување и точноста на податоците во Вашиот профил.

Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки.

Вашите права како корисник се следните:

–          Пристап до вашите лични податоци

–          Право на корекција на личните податоци

–          Право на ограничување на личните податоци

–          Право на бришење на лични податоци

–          Право  на повлекување на согласност

–          Право на поднесување на приговор

–          Право на пренос на податоците

–          Право на поднесување барање до Дирекција за заштита на лични податоци

Прочитајте повеќе за вашите права во Поглавје 11 од нашатаПолитика за заштита на лични податоци.

Вие знаете и се согласувате дека RUNNERS нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови за користење може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.

 

8. ОПРЕМА ЗА УПОТРЕБА НА САЈТОТ

Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. RUNNERS.МК не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

 

9. КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА КРАЈНИОТ КОРИСНИК

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови за користење, Политиката за заштита на лични податоци и останатите политики и правила објавени на веб страната. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите за користење:

Поставување било каква содржина на сајтот која:

–          Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);

–          Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;

–          Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;

–          Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;

–          Содржи пораки од неовластени лица од RUNNERS, кои наводно зборуваат во име на RUNNERS или даваат доверливи информации поврзани со RUNNERS;

–          Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или

–          Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:

–          Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;

–          Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;

–          Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или

–          Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот, обид да се направи преоптоварување со “спам”, обит да се направи препоптоварување на серверите или да се направи прекин на сајтот.

Употреба на било кое од следното:

–          Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;

–          Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг “скриен текст” техники и технологии без наша писмена дозвола;

–          Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со RUNNERS; или

–          Превземање и објава на содржини, информации, лого, фотографии или други содржини од RUNNERS без претходна согласност од страна на RUNNERS.MK

–          Лажно претставување во име на RUNNERS на трети страни, социјални мрежи, креирање на лажни фан страници со користењет на името и логото на RUNNERS со цел прибирање на податоци за корисници или остварување на други нелегални дејствија спротивни на законите на Република Северна Македонија.

–          Сајтот или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници или трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со RUNNERS, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени производи.

Собирање на било кои од следните наведени работи:

–          Содржина од сајтот, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на сајтот и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од сајтот кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;

–          Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од било кој корисник.

Вклучување во било која од следните активности:

–          Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на RUNNERS;

–          Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;

–          Препродавање на било кои купувања направени преку сајтот без наша согласност;

–          Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;

–          Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;

–          Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секој производ или вредносен ваучер) без наша писмена дозвола;

–          Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или

–          Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на RUNNERS, нашите деловни соработници или нашите услуги.

 

10. ВАШАТА ПРИВАТНОСТ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политикатаза заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци како и со вашите права како корисници. Нашата политика за заштита на лични податоци е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука.

 

11. УСЛОВИ НА КУПУВАЊЕ

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот, Вие се согласувате со овие Услови за користење, со нашата Политика за заштита на лични податоцивклучувајќи ги и Условите на купување, достапни тука.

 

12. СПЕЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ

Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од RUNNERS Вие се согласувате со овие Услови за користење како и со Политиката за заштита на лични податоци како и со нашата Политика за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг.

 

13.   АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА

Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“runners.mk”) е во ексклузивна сопственост на МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ. Runners има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Runners.mk има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на презентација на производите од фотограф на RUNNERS.MK.

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, постирање, поставување линкови, модифицирање, или на друг начин модифицирање на овој сајт или некоја од микространите, или на било кој друг начин користење на содржината, делумно или целосно без изречна писмена дозвола од МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.

RUNNERS е заштитена трговска марка на МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на RUNNERS се сопственост на нивните соодветни сопственици.

 

14. КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА

Runners.mk им овозможува на корисниците и посетителите повеќе можности да ги прегледаат или да постават прашање за производите и услугите на веб страната или да остварат друга комуникација со корисничкиот сервис.

При креирање на кориснички профил или користење на било која од услугите каде се бараат ваши лични податоци вие се согласувате со овие Услови за користење и со Политика за заштита на лични податоци.

Воедно гарантирате дека личните податоци кои ги споделувате со нас се точни.

За одредени услуги и активности може да се бара од Вас да имате RUNNERS кориснички профил за да може да ви биде овозможена соодветната услуга.

При користење на услугите и содржините на веб страната и споделување на информации, содржини, прашања со нас важат одредбите од нашата Политика за заштита на лични податоци.

Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; или ако содржините содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема.

Runners.mk е достапен за користење само за лица над 18 години. Сајтот е наменет и дизајниран за возрасни лица. Со користење на услугите на RUNNERS.MK Вие потврдувате дека сте полнолетни. Ние веднаш ќе ја отстраниме корисничката содржина од лица помали од 18 години, веднаш штом дојдеме до знаење за таквата.

 

15. НЕПОСАКУВАНИ ИДЕИ

Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во RUNNERS, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма (“Небарани Материјали”).

Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:

–     RUNNERS нема обврска да ги разгледа било кои несакани материјали, ниту пак да ги чува;

–     RUNNERS нема обврска да ви одговори на вашата порака;

 

16. ПОЛИТИКА НА АВТОРСКО ПРАВО

RUNNERS.mk стои зад содржините и материјалите кои се објавени на веб страната вклучително и фотографиите и описниот текст на секој производ објавен на веб страната. Runners.mk е сопственик и/или овластен претставник на трговските марки и брендови кои се прикажани на веб страната.

Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите RUNNERS, со испраќање на следните информации:

  1. a)електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права;
  2. b)идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие тврдите дека е злоупотребена;
  3. c)писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот;
  4. d)вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и
  5. e)изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права

RUNNERS го задржува правото да го прекине давањето на производи или услуги и да го раскине договорот и/или ограничи пристапот на било кој корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до RUNNERS од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот.

 

17. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ГАРАНЦИЈА

Крајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. Ниту RUNNERS.MK (МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ), неговите подружници, ниту нивните вработени, агенти, продавачи, даватели на услуги, соработници, провајдерите на содржина или даватели на лиценца или некој од нивните вработени, директори, агенти, не гарантираат дека користењето на сајтот ќе биде непрекинато, безгрешно, без вируси или без грешки; ниту пак гарантираат за (а) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (б) точноста, веродостојноста или целосноста на (1) содржината на страната, вклучително, без ограничување на понудите, производите и услугите кои се нудат; (2) описот на понудите, производите или услугите; или (3) корисничка содржина дадена преку сајтот.

 

Овој сајт и целата негова содржина, кориснички информации, информации за производите се ставени на располагање на база “како што се” и “кога се достапни”. До степен до кој дозволува применливиот закон, RUNNERS.MK се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.

 

18. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

Во никој случај RUNNERS.MK, неговите соработицни и нивните вработени, директори, агенти или продавачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со (а) вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот, (б) вашата неможност да го користите сајтот, (в) промена или отстранување на содржина поставена на сајтот или (г) овие услови на употреба.

Во било кој случај одговорноста на МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ во врска со RUNNERS.MK  производ неможе да ги надмине средствата платени за тој производ. Вкупната агрегирана одговорност која произлегува од или е поврзана со овие услови на употреба не може да ја надмине (1) сумата платена од крајниот корисник во период од 6 месеци, наназад од денот на поднесување на пријавата или (2) 10.000 ден., со важност на сумата која е помала од наведените две.

Се согласувате дека било која причина за акција која произлегува од или е поврзана со сајтот мора да се однесува на период од 1 година од денот на поднесување на пријавата, а во спротивно причината станува неоснована како резултат на поминат временски период од 1 година.

 

19. ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИЈА

Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до RUNNERS, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот.

Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

 

20. СОДРЖИНА НА ТРЕТИ СТРАНИ

На Runners.mk не се дозволени споделувања на содржини, линкови, фотографии и други информации од трети лица без претходна издадена согласност од Runners.mk.

Освен ако RUNNERS експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на RUNNERS кои водат до други страни и има право во секое време да ги отстрани истите и да го ограничи пристапот на корисникот кој ги има поставено.

RUNNERS го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

На RUNNERS.mk на одредени места се достапни содржини, линкови и копчиња поставени од трети страни, социјални мрежи и други деловни соработници со кои имаме склучено договор за деловна соработка.

Овие трети страни при активирање на нивните содржини, линкови, видеа или социјални копчиња може да ве пренасочат на трети страни или да постават колачиња на вашиот уред.

Ве молиме прочитајте повеќе во Политика за колачиња за тоа кои колачиња се користат, како и Поглавје 7 од Политика за заштита на лични податоци за да дознаете повеќе за кои трети страни собираат и обработуваат ваши податоци при користење на Runners.mk

 

21. НАДОМЕСТОК НА ШТЕТИ/ОСЛОБОДУВАЊЕ

Се согласувате да го браните и заштитите RUNNERS и неговите вработени лица, директори, агенти од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било кој производ кој сте го купиле од сајтот, (б) било која содржина поставена од Вас, поврзана со сајтот или било кое користење на сајтот кое ги прекршува овие Услови за користење, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на РСМ или странски закони или права на трети лица.

Само Вие сте одговорни за интеракцијата со другите корисници на сајтот. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате RUNNERS од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од купени производ, вклучувајќи, но не и ограничено на било каква штета која може да ви е направена од користење на производот.

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата МТ ПРОМЕТ-1 ДООЕЛ (RUNNERS.МК), неговите одговорни лица и/или вработени за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

 

22. ВИША СИЛА

RUNNERS нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови за користење, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друг

 

Податоци за компанијата:

RUNNERS.MK
МТ Промет-1 ДООЕЛ,
Адреса: ул.Дојранска бр.14, 2400 Струмица
Емаил: mtpromet1@gmail.com
ЕДБ: МК4027002133725
Тел: +389 34 353 478 / +389 78 470 470
Банка:  НЛБ ТУТУНСКА БАНКА
Жиро сметка: 210-0566211701-65